Ердоган оствари средба преку видео конференција со Меркел

Турција е на страната на праведно споделување на богатствата во Источниот Медитеран при што ќе бидат заштитени правата на Турција и Кипарско турскиот народ

1484456
Ердоган оствари средба преку видео конференција со Меркел

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари средба преку видео конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.

Главна тема на разговорите на двајцата лидери беа случувањата во Источниот Медитеран, регионалните прашања и билатералните односи.

Претседателот Ердоган на средбата рече дека Турција е на страната на праведно споделување на богатствата во Источниот Медитеран при што ќе бидат заштитени правата на Турција и Кипарско турскиот народ и сите крајбрежни земји ќе се стекнат со заработка, додека Грција и Кипарско грчката управа како и земјите коишто ги поддржуваат, за жал фрлаат чекори кои ги зголемуваат нерешливоста и напнатоста.

Неприфатлива е поддршката на себичниот и неправеден став на Грција од страна на некои земји, рече Ердоган и потенцираше дека Турција секогаш и постојано ќе ги штити своите права и интереси наспроти сите иницијативи коишто се преземаат против неа на меѓународно ниво.

Претседателот Ердоган изрази задоволство од напорите на германската канцеларка Ангела Меркел за изнаоѓање решение на проблемите кои беа предизвикани од страна на Грција и земјите коишто ја поддржуваат како и чекорите коишто нанесуваат штета на регионалниот мир.



Слични вести