Ердоган: Народот ќе ја сочува во целина оваа рајска татковина и апсолутно нема да дозволи да биде поделена

Претседателот Ердоган објави порака по повод одбележувањето на 101. годишнина од одржувањето на Конгресот во Сивас , во која напиша: „Народот ќе ја сочува во целина оваа рајска татковина и апсолутно нема да дозволи да биде поделена“

1485043
Ердоган: Народот ќе ја сочува во целина оваа рајска татковина и апсолутно нема да дозволи да биде поделена
TARİHTE BUGÜN_04 EYLÜL_SİVAS KONGRESİ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод одбележувањето на 101. годишнина од одржувањето на Конгресот во Сивас на кој беа поставени темелите на Република Турција.

Претседателот Ердоган во пораката нагласи дека Конгресот во Сивас како една од пресвртниците на борбата за независност и датумот 4 септември 1919 година располага со многу значајно место во меморијата на нашиот народ.

Велејќи „Народот ќе ја сочува во целина оваа рајска татковина и апсолутно нема да дозволи да биде поделена“, Ердоган рече: „Конгресот во Сивас беше камен темелник на Националната борба, овде беа направени подготовките за Борбата за слобода. Нашиот народ се сплоти и од Сивас прогласи до целиот свет дека апсолутно (никако) нема да потклекне пред окупаторските сили и дека е спремен за борба.“

Претседателот Ердоган напомена дека донесените одлуки на Конгресот во Сивас истовремено претставуваат манифест за независност којшто народот во најтешки времиња на сет глас го прогласи до целиот свет.

„Нашиот народ во секој период сплотен и во единство се спротивставил на заканите коишто се насочени против неговото знаме, неговата татковина и неговата независност. Сите наши граѓани, млади-стари, жени-мажи, со оној дух и онаа возбуда во Борбата за слобода секогаш застанал во одбрана на народната волја и својата иднина. Се додека продолжи ова наше единство и заедништво, ќе биде елиминирана секој вид закана насочена против нашата слобода, нашите вредности и нашето братство.“

„На 101. годишнина од Конгресот во Сивас уште еднаш прогласуваме дека нашиот народ кој не го прифати протекторатот и покровителството (заштитата) ќе ја сочува во целина оваа рајска татковина и апсолутно (никако) нема да дозволи да биде поделена. Одлучни сме да застанеме во одбрана на националниот став којшто се појави за време на Конгресот во Сивас и да ја продолжиме оваа наша одлучност.Оние кои посегнуваат по нашата татковина, нашето знаме, нашата независност, повторно пред себе ќе ја најдат истата волја и ќе бидат поразени.“



Слични вести