Ердоган: Ќе бидат поразени оние кои со бескурпулозни игри се обидуваат да ја извадат Турција од нејзината рута

Пртседателот Ердган истакна дека оние кои не можат да ја сопрат Турција со бројни замки (стапици) и со неморални и бескрупулозни игри се обидуваат да ја извадат од нејзината рута, ќе бидат поразени

1485034
Ердоган: Ќе бидат поразени оние кои со бескурпулозни игри се обидуваат да ја извадат Турција од нејзината рута
Cumhurbaşkanı Erdoğan Ankara-Niğde Otoyolu.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на отворање на Автопатот Анкара-Нигде.

Ердган истакна дека оние кои не можат да ја сопрат Турција со бројни замки (стапици) и со неморални и бескрупулозни игри се обидуваат да ја извадат од нејзината рута, ќе бидат поразени.

Претседателот Ердоган истакна дека благодарение на изградбата на овој автопат (Автопатот Анкара-Нигде) според пресметките нашата земја годишно ќе заработи вкупно 1 милијарда 628 милиони турски лири и тоа од времето 885 милиони турски лири и од горивото 743 милиони турски лири.

Велејќи дека со проектот на Автопатот Анкара-Нигде со голем број негови карактеристики е изграден патот на иднината, Ердоган рече: „Нашата цел е „Мостот Чанаккале 1915“ да го пуштиме во употреба на 18 март 2022 година.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор о додаде и следното: „Ако на многу места на толку очигледен начин се чувствува тежината на Турција во позадината на тоа се наоѓа политичката, економската и воената сила со коишто располагаме. Оние кои не можат да ја сопрат Турција со бројни замки (стапици) и со неморални и бескрупулозни игри се обидуваат да ја извадат од нејзината рута, ќе бидат поразени.“



Слични вести