Чавушоглу: „Грчкиот министер не го прифати предлогот за безусловен дијалог“

Грчкиот колега не го прифати предлогот за безусловен дијалог за намалување на тензиите во Источниот Медитеран

1484810
Чавушоглу: „Грчкиот министер не го прифати предлогот за безусловен дијалог“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече:

„Грција изнесувајќи лаги во врска со посредничката улога на НАТО, уште еднаш покажа дека не е на страната на дијалог“.

Министерот Чавушоглу во интервјуто во Анкара во врска со актуелните случувања, рече дека „грчкиот колега не го прифати предлогот за безусловен дијалог за намалување на тензиите во Источниот Медитеран.

Демантирањето на Грција на генералниот секретар на НАТО навистина претставува одличен пример. Грција е страната која лаже, а не генералниот секретар. Уште еднаш покажаа дека не се на страната на дијалог.

Додека Турција ги извести страните дека секогаш е на страната на дијалог.

Тој што е во право не бега од дијалог. Грција знае дека не е во право, затоа бега. Ако Грција очекува да се откажеме од сите свои права, треба да знае дека тоа нема да се случи. И европските земји се свесни и знаат дека Грција не е во право.

Единствената цел на Турција е до ги заштити своите права и немаме никакви претенси кон ничии територии.

Франција отворено и јасно треба да и се извини на Турција, бидејќи таа е земјата која што најмногу ја испровоцира Грција. Овој вид хистеричен начин на однесување нема да биде во ничија корист. Франција навистина се става во многу смешна состојба“ рече Чавушоглу.



Слични вести