Во подрачјата на Бинѓол, Дијарбакир и Муш е започната нова операција „Молња-9 Шенјајла“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјата на градовите Бинѓол, Дијарбакир и Муш, е започна нова антитерористичка операција „Молња-9 Шенјајла“ во која учествуваат 1.022 припадници на безбедносните сили

1483932
Во подрачјата на Бинѓол, Дијарбакир и Муш е започната нова операција „Молња-9 Шенјајла“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјата на градовите Бинѓол, Дијарбакир и Муш, во југоисточниот дел на земјата, е започна нова антитерористичка операција „Молња-9 Шенјајла“ во која учествуваат 1.022 припадници на безбедносните сили.

Според објавеното соопштение од Министерството, со операцијата се има за цел целосно исклучување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите за кои се проценува дека се засолнуваат во подрачјата на градовите Бинѓол, Дијарбакир и Муш.

Во рамките на операциите Молња 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8 коишто се реализираат за целосно елиминирање на тероризмот внатре во границите на земјата досега се неутрализирани 38 терористи, фатени се 22'јца соработници на терористите, уништени се 80 пештери, засолништа и складишта, а исто така се запленети и големи количини оружје и муниција, како и храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите. 

Во соопштението се вели дека операциите „Молња“ ќе продолжат успешно со поддршка на народот и со верба и одлучност. 

Во меѓувреме, во едно друго објавено соопштение се истакнува дека како резултат на работите за убедување коишто се водат од страна на Генералната дирекција на полицијата и Генералната команда на жандармеријата двајца терористи им се предадоа на безбедносните сили во градот Ширнак.

Во соопштението се вели дека двајцата терористи за кои е установено дека и се приклучиле на терористичката организација во 2014 и 2016 година и дека како последно делувале во Ирак.

Во истото соопштение воедно се додава дека бројот на терористите кои се предадоа од 1 јануари досега само по пат на убедување се зголеми на 146.



Слични вести