Состанок на Високиот советодавен совет под претседателство на претседателот Ердоган

По состанокот на Високиот советодавен совет што се одржа вчера во претседателската палата "Куллијето" во Бештепе во Анкара, изјава во врска со содржината пристигна од шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун

1483934
Состанок на Високиот советодавен совет под претседателство на претседателот Ердоган

Вчера во претседателската палата "Куллијето" во Бештепе во Анкара се одржа состанок на Високиот советодавен совет под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

Во објавеното писмено соопштение од страна на шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун се истакнува дека на состанокот беа разгледани надворешно политичките случувања на чело со оние во Источниот Медитеран, Либија и во Сирија. 

Алтун истакна дека на состанокот беше подвлечено дека Турција со реализираните прекугранични операции во Сирија ги расипа игрите коишто се одигруваат на глобално ниво и тоа не само во својот регион и дека со постигнатите договори со Либија ги срамни со земјата сценаријата коишто се подготвуваат против неја во Источниот Медитеран, а воедно беше изнесено и тоа дека од големо значење е да се постават над една нова стратегија и  операциите коишто се реализираат во борбата против тероризмот во северниот дел на Ирак, а кои се изградени над доминација на теренот.

Фахреттин Алтун информира дека благодарение на нејзината иницијаторска и хуманитарна надворешна политика Турција денеска е петтата земја која располага со најобемна мрежа на претставување во светот и дека на ист начин се стоело и на тоа дека Турција е земја која е домаќин на најголем број мигранти во светот. 

Алтун истакна дека на состанокот беше подвлечено дека Турција со своите политички, дипломатски и воени можности, располага со сила, истрајност и одлучност да се справи со сите прашања, а воедно беше нагласено дека Турција која веќе се искачи на највисоката лига на меѓународната платформа е дојдена во положба на земја која се зема во предвид во секое регионално и глобално прашање и оваа состојба и налага дополнителни одговорности Турција.



Слични вести