Пофалби од Олег Урискиј на одбранбената индустрија на Турција

Заменик премиерот и министер одговорен за стратешки индустрии на Украина Олег Уриској истакна дека импресионира турската работливост (вредност) и желба по прашањето на производство на сопственото оружје

1483811
Пофалби од Олег Урискиј на одбранбената индустрија на Турција

Заменик премиерот и министер одговорен за стратешки индустрии на Украина Олег Урискиј изјави за украинската новинска агенција „Укринформ“ дека индустриското производство на Турција е дојдено до многу добра точка во споредба со онаа од пред 15 години.

Велејќи „Има голем број точки коишто треба да се земат за пример. Одбранбената индустрија во Турција е сектор во кој државата и приватниот сектор располагаат со еднакви права и можности“, Урискиј привлече внимание дека импресионира турската работливост (вредност) и желба по прашањето на производство на сопственото оружје.

Урискиј потсети дека Турција може да ги произведува своите сопствени беспилотни летала и хеликоптери и нагласи дека тоа претставува производ на колектививно стратешко размислување на турските функционери.

Заменик премиерот и министер одговорен за стратешки индустрии на Украина Олег Урискиј напомена дека првиот чекор на стратешкото партнерство помеѓу земјите може да се реализира во сферите на производство на мотор, авион, оклопни возила, ракети, електронска воена опрема.  

Инаку, делеација од Украина на чело со Олег Урискиј минатата недела престојуваше во тридневна официјална посета на Турција кадешто оствари низа средби и разговори.



Слични вести