Министерот за национална одбрана Хулуси Акар реализира специјален лет над Егејското Море
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар реализира специјален лет над Егејското Море со којшто е отворена новата година за обука на пилотите на турските Воздухопловни сили



Министерот за национална одбрана Хулуси Акар со остварен специјален лет над сверниот дел на Егејското Море ја отвори новата година за обука на пилотите на турските Воздухопловни сили.
Со специјално реализираниот лет со четири авиони во кои освен министерот Хулуси Акар се наоѓаше и командантот на турските Воздухопловни сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз, авионите со лет над морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите) го поздравија Споменикот на шехидите (паднатите борци) во Чанаккале.
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар овде со кодниот повик "Џејлан 30" му се обрати на тимот во групата од четири авиони.
„Ќе работиме за да им бидеме достојни на сите наши честити шехиди (паднати борци) на чело на оние кои лежат овде (на овие територии), нашата борба ќе ја продолжиме духот на Чанаккале.“ - порача Акар и честитајќи му на персоналот за досегашните успешно реализирани операции посака успех и во новата година за обука на пилоти.
Слични вести
