Илхам Алиев отворено и стави до знаење на Грција за поддршката на неговата земја на Турција

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на приемот на новиот амбасадор на Грција во Баку Николаос Пиперигос отворено ја изнесе поддршката на Турција по секое прашање, вклучувајќи ги и нејзините активности за истражување во Источниот Медитеран

1483827
Илхам Алиев отворено и стави до знаење на Грција за поддршката на неговата земја на Турција

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го прими новиот амбасадор на Грција во Баку Николаос Пиперигос.

На приемот, Алиев се осврна на присутната затегнатост помеѓу Турција и Грција во Источниот Медитеран во врска со што истакна дека неговата земја ја поддржува Турција по секое прашање, вклучувајќи ги и нејзините активности за истражување во Источниот Медитеран.

„Турција не е само наш пријател и партнер, не е тајна и тоа што е наша братска земја. Турција ја поддржуваме без двоумење и ќе ја поддржуваме во секоја ситуација. Истата поддршка ја добиваме и од нашите турски браќа. Го поддржуваат Азербејџан по секое прашање, а и ние ги поддржуваме нив по секое прашање, вклучувајќи ги и истражувањата во Источниот Медитеран.

Би сакал да го знаете нашиот став. Оваа состојба преку мојата инструкција е официјално прогласена од страна на Владата на Азербејџан. Турција за нас не е само пријател, таа е братска земја и Турција е наш брат. Затоа ќе бидеме покрај нив по секое прашање.“ - му порача азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на новонаименуваниот амбасадор на Грција во Баку Николаос Пиперигос.

Во меѓувреме, и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу му се заблагодари на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев кој ја соопшти поддршката на неговата земја по секое прашање на Турција која реализира активности за истражување во Источниот Медитеран.

Чавушоглу сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер кадешто го напиша следното: „Многу ви благодарам почитуван претседател! Никако не чувствувавме сомневање од поддршката на нашето срце (Џан) Азербејџан. Ѝ Турција без двоумење постојано ќе стои покрај Азербејџан.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, својата споделена објава ја заврши со следните зборови: „Еден народ, две држави.“



Слични вести