Турција во август и нанесе тежок удар на ПКК

Во рамките на операциите насочени против тероризмот како во земјава така и надвор од земјата беа неутрализирани 85 терористи

1483424
Турција во август и нанесе тежок удар на ПКК

 

Во рамките на успешните операции на Турските вооружени и безбедносни сили на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во август беа неутрализирани 85 терористи меѓу кои се наоѓаа и наводните одговорни раководители на терористичката организација.

Одлучно продолжуваат операциите на Турските вооружени сили (ТВС), Генералната дирекција на полицијата, Генералната команда на жандармеријата и Турската разузнавачка служба (МИТ) со поддршка на безбедносните локални чувари против приврзаниците на терористичките организации коишто сакаат да го нарушат спокојството, довербата и братството на граѓаните како и јавниот ред и мир на државата.

Во рамките на операциите насочени против тероризмот како во земјава така и надвор од земјата беа неутрализирани 85 терористи.

Меѓу неутрализираните терористи се наоѓаше и наводниот челник на ПКК одговорен за областа Хакурк, Мурат Калко кој беше познат под кодното име „Агит Гарзан“ а за кој беше утврдено дека се наоѓа на списокот на барани терористи и за кого е распишана „црвена“ потерница.

Во 2 операции беа неутраилизрани уште 6 терористи, кои се беа членови на специјалните сили и разузнавачи на терористичката организација ПКК.

Во операцијата „Јидирим (Молња) 3“ во подрачјето Кагизман кај Карс на 28 август беа неутрализирани терористот Беназир Јилмаз познат под коднот име „Ахмед Сорхин“, кој се наоѓа на портокаловата листа на барани терористи и за кого постоеше парична награда од 1 милион турски лири, терористот Мухамет Ташчи познат под кодното име „Хогир“ кој се наоѓаше на списокото во сивата категорија на барани терористи и за кого беше распишана награда од 500 илјади турски лири како и терористот Мехмет Емин Делен познат под кодното име „Каркер“ кој се наоѓаше во истата категорија на барани терористи и за кого беше распишана награда од 500 илјади турски лири.

Во рамките на операциите против крволочната терористичка организација ПКК и нејзините обиди за структуирање на младите во градовите, од 171 осомничени беа приведени 28 лица.



Слични вести