Турција го осуди француското списание „Шарли Ебдо“ кое повторно ги објави тие карикатури со навреда

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во објавеното писмено соопштение подвлече дека оваа навреда и непочитување против муслиманите не може да се образложи со слобода на печатот, уметност или слобода на изразување.

1483704
Турција го осуди француското списание „Шарли Ебдо“ кое повторно ги објави тие карикатури со навреда

Осуда од Турција против француското списание „Шарли Ебдо“... 

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека жестоко се осудува одлуката на француското списание „Шарли Ебдо“ за повторно објавување на карикатурите со навреда и непочитување против исламот и муслиманскиот божји пратеник Пејгамберот.

Аксој во објавеното писмено соопштение подвлече дека оваа навреда и непочитување против муслиманите не може да се образложи со слобода на печатот, уметност или слобода на изразување.

Аксој рече: „Не можат да се прифатат и обидите за образложување на француските органи на чело со претседателот (Емануел) Макрон на ова прашање во рамките на слободата на изразување.“

Хами Аксој напомена дека оние кои во секоја прилика се фалат со тоа дека се демократи и слободарски, искористувајќи ги овие видови расистички и дискриминаторски дејствија коишто го разгоруваат непријателството кон исламот и странците, треба добро да го знаат тоа дека и носат вода на воденицата на новата генерација фашисти и расисти во Франција и во другите земји на Европа. 

Велејќи дека овој болен менталитет којшто се обидува секојдневно на различен начин да ги отуѓува милиони муслимани кои живеат во мир во својата земја, им нанесува удар на општестваната кохезија, заедништвото и еднаквоста, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој го рече следното: „Оние кои пак несовесно застануваат во одбрана на ова, треба да бидат свесни за тоа дека му наштетуваат на сопствениот општествен мир. Ги повикуваме нашите пријатели во Европа и политичарите да зазедат јасен став против овие видови напади коишто во последните денови се повеќе растат и целат против нашите свети вредности.“



Слични вести