Денес повторно започнуваат авионските летови меѓу Турција и Узбекистан

Узбекистанските претставници беа информирани за регулативите и прописите кон кои треба да се придружуваат аеродромите и авиокомпаниите

1483198
Денес повторно започнуваат авионските летови меѓу Турција и Узбекистан

 

Денес повторно започнуваат авионските летови меѓу Турција и Узбекистан кои беа прекинати поради епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

На средбата на високите претставници на Министерството за транспорт и инфраструктура на Турција и Министерството за транспорт на Узбекистан на 24 август, беше усвоена одлука авионските летови повторно да започнат на 2 септември.

На средбата беа разгледани мерките коишто ги усвоија земјите во светот по повод епидемијата на Ковид-19.

Узбекистанските претставници беа информирани за регулативите и прописите кон кои треба да се придружуваат аеродромите и авиокомпаниите, а кои беа усвоени од страна на Министерството за траннпорт и инфраструктура. На тој начин беше постигната согласност авионските летови да започнат денес.



Слични вести