Челик: „Грција е пиратска држава“

Нема ниту едно прашање кое ја засега Грција

1483214
Челик: „Грција е пиратска држава“

 

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АКП) Омер Челик рече:

„Денес Грција е пиратска држава во Источниот Медитеран. Се обидува да прави работи кои ја надминуваат“.

Портпаролот Челик за време на состанокот на Централниот управен одбор на Партијата за правда и развој што се одржа под покровителство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа прес конференција.

Челик на прес конференцијата се осврна на значајните теми на дневниот ред и одговараше на прашањата на новинарите.

Челик во оваа прилика рече:

„Денес Грција е пиратска држава во Источниот Медитеран. Се обидува да прави работи кои ја надминуваат“.

Во врска со активностите во Источниот Медитеран, портпаролот Челик рече:

„Турција истражувачките активности го реализира во рамките на границите на континенталниот гребен и поморските овластувања. Нема ниту едно прашање кое ја засега Грција.

Уште отсега јасно го изнесуваме нашиот став дека Турција нема да прифати ниту една активност во рамките на границите на „Сината татковина“ за која после ќе се пишманат и ќе бараат извинување.

Французите со донесувањето на авионите Рафал и реализирање воена вежба во Јужен Кипар нема да остварат ништо. Целата оваа дипломатија ќе се заврши со тежок пораз на владата на Грција“ рече Челик.



Слични вести