Стано: За решение за ситуацијата во Источниот Медитеран треба да се воспостави дијалог со Турција

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано истакна дека за изнаоѓање решение на ситуацијата во Источниот Медитеран треба да се воспостави дијалог со Турција

1482938
Стано: За решение за ситуацијата во Источниот Медитеран треба да се воспостави дијалог со Турција

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано на одржаната редовна дневна прес конференција истакна дека Европската унија (ЕУ) посакува да се намали затегнатоста во Источниот Медитеран. 

Стано рече дека за изнаоѓање решение на ситуацијата во Источниот треба да се воспостави дијалог со Турција.

Нагласувајќи дека треба да се водат обиди за намалување на затегнатоста по пат на дијалог, индиректни преговори и средби, Стано напомена дека ситуацијата во Источниот Медитеран не е добра.

"Она што треба да се направи е да се седне со Турција, да се обиде да се изнајде решение и да се намали затегнатоста по пат на дијалог. Ова е она коешто е значајно и прашање на кое треба да се фокусира." - рече портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано.



Слични вести