Претседателот Ердоган: Нашите активности во Источниот Медитеран и Егејот се потрага по право и правда

Претседателот Ердоган на церемонијата по повод отворањето на новата судска 2020-2021 година истакна дека во суштината на активностите на Турција во Источниот Медитеран и Егејот, се наоѓа потрагата по право и правда

1482747
Претседателот Ердоган: Нашите активности во Источниот Медитеран и Егејот се потрага по право и правда

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата по повод отворањето на новата судска 2020-2021 година што се одржа во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата, во Бештепе во Анкара.

Претседателот Ердоган истакна дека политичките и дипломатските вербални трикови (измами)веќе не се доволни за прикривање на тиранијата (суровоста) на државите кои себе си се сметаат за големи, силни, просперитетни и непобедливи.

Тој истакна дека веќе е откриено (изнесено на светлината на денот) она изопачено сфаќање дека со демократија, безбедност и просперитет располагаат одредени општества и дрека другите немаат значење освен да им служат (слугуваат) ним.

Велејќи дека во суштината на активностите на Турција во Источниот Медитеран и Егејот, се наоѓа потрагата по право и правда, Ердоган го рече следното: „Обидот за заробување на Турција преку еден остров од 10 квадратни километри, без притоа да се орнува внимание на нејзината огромна големина од 780 илјади квадратни километри, е најјасниот израз на неправедноста и неправдата.“

Претседателот Ердоган напомена дека обидот за речиси насилно одземање на богатствата на Средоземното Море како право на секоја земја која излегува на Средоземното Море претставува вистински пример на модерен колонијализам.

„Веќе ни се здосади од оваа игра на сенки. Да се доведува во состојба на мамка една држава која нема нешто корисни и за себе самата и да се фрла пред една регионална и глобална сила како Турција, веќе почнува да станува комично. Колку и да се обединуваат фронтовите на непријателство, не ќе можат да го сопрат подемот (издигнувањето) на Турција.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести