МНР: Турција секогаш стои покрај своите сонародници кримски Турци Татари

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Со загриженост ги следиме реализираните упади (вчера утрото) на Крим во куќите на кримските Турци Татари и притворите“

1482432
МНР: Турција секогаш стои покрај своите сонародници кримски Турци Татари

Турција соопшти дека секогаш е покрај кримските Турци Татари.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Со загриженост ги следиме реализираните упади (вчера утрото) на Крим во куќите на кримските Турци Татари и притворите.“

Во соопштението се вели дека овој развој претставува „последен пример на систематскиот притисок и политиката на застрашување“ коишто се применуваат врз кримските Татари по незаконската и нелегитимна анексија на Крим во 2014 година.

„Турција секогаш ќе продолжи да стои покрај своите сонародници кримски Татари кои ги бранат своите права и интереси по мирољубиви патишта и се обидуваат да го прочујат својот глас со демократски методи.“ стои во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Инаку, на Крим кој во 2014 година беше незаконски анектиран од страна на Русија, руските безбедносни сили вчера наутро реализираа упади во куќите на група кримски Татари и притоа притворија 4 лица.

 



Слични вести