Ердоган: Ние како турски народ не одземаме ничие право, а нема да дозволиме да ни се одземе и нашето право

„Ние како турски народ не одземаме ничие право, а нема да дозволиме да ни се одземе и нашето право. На оние Оние кои и се силат на Турција, им препорачувам повторно да ја прочитат својата поблиска историја“ - рече Ердоган

1482378
Ердоган: Ние како турски народ не одземаме ничие право, а нема да дозволиме да ни се одземе и нашето право

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пристаништето на градот Гиресун во Црноморската област говореше на церемонијата на отворање на новата ловечка сезона на морска храна за 2020-2021 година кадешто го рече следното: „Ние како турски народ не одземаме ничие право, а нема да дозволиме да ни се одземе и нашето право.“

Велејќи дека оваа година се очекуваат радосни вести од морињата, претседателот Ердоган го истакна следното: „Откритието на 320 милијарди метри кубни природен гас коешто го реализиравме во Црното Море покажа дека се берикетни не само неговите води, туку и под водата. /.../ Нашиот брод Оруч Реис со одлучност ги продолжува своите активности за сеизмисчки истражувања во Источниот Медитеран, Иншаллах (со Аллахова помош) се надеваме дека во најскоро време ќе добиеме убави вести и од Средоземното Море, исто како од Црното Море.“ 

Ердоган својот говор го проодлжи со следните зборови: „Ние како турски народ не одземаме ничие право, а нема да дозволиме да ни се одземе и нашето право. Апсолутно (никако) нема да го дозволиме пиратството, разбојништвото во Средоземното Море и во Егејот. Никој не може да ја зароби во нејзините крајбрежја во Анталија нашата земја која располага со најдолгото крајбрежје на Средоземното Море. Одлучни сме да ги браниме до крај правата на нашиот народ и на кипарските Турци во морињата.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така го достави и следното предупредување: „Оние кои и се силат на Турција охрабрени од поранешните експлоататори, им препорачувам повторно да ја прочитат својата поблиска историја.“

 



Слични вести