Остра реакција од Турција против Русија во врска со ПКК/ПЈД

Терористичката организација ПКК/ЈПГ има територијални претензии кон територијалниот интегритет на Сирија

1482250
Остра реакција од Турција против Русија во врска со ПКК/ПЈД

Турција соопшти дека од Русија очекува да ги избегне иницијативите за земање на дневен ред на формациите кои се поврзани за сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи во врска со посетата на приврзаниците на навoдниот Сириски демократски совет на Руската федерација, а кој се наоѓа под јаремот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ, беше истакнато следното:

„Од Руската Федерација очекуваме да се однесува согласно духот на Астана и состаноците во форматот на Астана и да ги избегнува иницијативите и потфатите кои ќе бидат во корист на формациите поврзани за терористичката организцаија ПКК/ЈПГ.

Повикот на групата составена од сегментите на наводниот Сириски демократски сојуз од страна на Руската Федерација и приемот на истата од страна на високите руски раководители, а која група се наоѓа под јаремот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ беше дочекан со загриженост.

Терористичката организација ПКК/ЈПГ има територијални претензии кон територијалниот интегритет на Сирија. Терористичката и сепаратистичка агенда којашто ја следи ПКК/ЈПГ, во областите со коишто де факто управува, врши зулуми врз локалното население, гаи територијални претензии кон Сирија и е терористичка организација која предизвикува закана за националната безбедност на соседните земји на Сирија.

Во заедничките соопштенија кои беа објавени по состаноците на високо ниво во форматот на Астана, беше подвлечено и дадена гаранција дека земјите учеснички ќе се борат против сите видови на тероризмот и фракции и освен територијалниот интегритет на Сирија ќе се внимава и на националната безедност и на соседните земји на Сирија.

Впрочем земјите гаранти на Астана, на последниот состанок што се одржа на 25 август 2020 во Женева објавија заеднички став против сите нелегитимни формации на тероризмот.

Затоа од Русија се очекува да се придржува кон дадените гаранции на состаноците што беа одржани во форматот на Астана. Од Руската Федерација очекуваме да се однесува согласно духот на Астана и состаноците во форматот на Астана и да ги избегнува иницијативите и потфатите кои ќе бидат во корист на формациите поврзани за терористичката организцаија ПКК/ЈПГ. Нашата реакција во однос на прашањето ќе биде изнесена од страна на делегацијата на Министерството за надворешни работи предводена од заменик министерот Седат Онал која престојува во посета на Москва“ беше истакнато во соопштението на МНР.



Слични вести