Омер Челик: Обидот на Грција за наоружување на островот Меис, нов пример на пиратство

Портпаролот на владејачката АК Партија Омер Челик истакна дека обидот на Грција за наоружување на островот Меис (грчки Кастелоризо) претставува нов пример на пиратство

1482081
Омер Челик: Обидот на Грција за наоружување на островот Меис, нов пример на пиратство

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека обидот на Грција за наоружување на островот Меис (грчки Кастелоризо) претставува нов пример на пиратство.

„Обидот на Грција за наоружување на островот Меис е нов пример на пиратство. Да се впери оружје кон крајбрежјата на Турција е глупавост. Грција со фрлање на овие чекори во спротивност на правото, стана претставник на пиратски политики во Егејското и Средоземното Море. Грција е таа која наместо да ги решава проблемите по дипломатски пат на основа на правото, со пиратски договори извршува саботажа на дипломатијата. Резултатот на овие чекори на Грција ќе биде тежок неуспех.“

Укажувајќи уште еднаш на правниот пат за решавање на проблемите, портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик го рече следното: „Доколку Грција сака да ги реши проблемите по пат на правото, најдоверлив соговорник е Турција. Ако наместо да разговара со Турција претпочита да реализира заедничка воена вежба со Франција ќе увиде колку тоа е погрешно. Грција ќе научи дека ние имаме силен одговор којшто ќе го дадеме на секој нејзин чекор.“



Слични вести