Концерт по повод „Денот на победата“ во претседателскиот дворец

Претседателот Ердоган во пораката потенцираше дека 30 август 1922 година е ден кога успешно завршува Големата офанзива

1482049
Концерт по повод „Денот на победата“ во претседателскиот дворец

Вчера по повод одбележувањето на годшнината на 30 август, Денот на победата, Воениот оркестар на полкот на почесната гарда на претседателството и Оркестарот Мехтеран на Министерството за анционална одбрана и Командата за хармонична музика одржаа заеднички концерт во претседателскиот дворец.

Концертот се емитуваше во живо преку каналите на Претсдетаелството и Дирекцијата за комуникации преку Јутјуб и социјалните медиуми како и ТВ-канали.

На концертот беа прикажани снимки од Народноослободителната борба на турскиот народ, кратко видео на трансграничните операции на Турските вооружени сили и пораката со честитки на претседателот Реџеп Тајип Ердоган  по повод 30 август, Денот на победата.

Претседателот Ердоган во пораката потенцираше дека 30 август 1922 година е ден кога успешно завршува Големата офанзива и почнувјќи од тој ден наназад околу еден век, првпат со победата на Битката на Чанаккале, сите дотогашни разочарувања прераснаа во една нова надеж и возбудување.

Ердоган рече:

„Нашиот народ има доволно сила и решителност да ги надмине сите пречки   кои ќе излезат на патот за опстојување на териториите на Анадолија на кои се наоѓаме илјада години. Најзначајната и единствената потреба е единството и братсвото на нашиот народ. Верувам дека единствено на тој начин ќе можеме да им се оддолжиме на нашите шехиди (херои) кои загинаа на патот овие територии да станат наша татковина. Ви го честитам 30-ти август, Денот на победата“.



Слични вести