Видео спот од Министерството за национална одбрана по повод 30 Август Празникот на победата

Видео спотот почнува со маршот на командосите, а потоа продолжува со оние бесмртни стихови на познатите турски поети Нихат Атсиз од песната „Смртта на хероите“ и на Јахја Кемал Бејатли од песната „Оваа бура што избувна“

1481452
Видео спот од Министерството за национална одбрана по повод 30 Август Празникот на победата

Министерството за национална одбрана (МНО или MSB) на своите профили на социјалните медиуми објави видео спот по повод одбележувањето на 98-годишнината од 30 Август Празникот на победата и Денот на Турските вооружени сили.

Видео спотот почнува со маршот на командосите, а потоа продолжува со оние бесмртни стихови на познатите турски поети Нихат Атсиз од песната „Смртта на хероите“ и на Јахја Кемал Бејатли од песната „Оваа бура што избувна“.

Во еден дел од видео спотот со рап музика им се одделува место и на стихови од Националната химна.

Заeдно со овој видео спот на Министерството за национална одбрана е објавена и песна во која се нагласува дека турската војска стапува во акција само тогаш кога е во прашање татковината и тогаш кога ќе се посегне по татковината.



Слични вести