Претседателот на Собранието Шентоп објави порака по повод 30 Август Празникот на победата

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп објави порака по повод 30 Август Празникот на победата

1481420
Претседателот на Собранието Шентоп објави порака по повод 30 Август Празникот на победата

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп објави порака по повод 30 Август Празникот на победата.

Шентоп во својата порака потсети дека денеска ја одбележуваме 98-годишнината од Големата офанзива на 30 август 1922 година под команда лично на (основоположникот на Републиката) Гази Мустафа Кемал Ататурк, која резултираше со извинување на конечна победа во борбата за слобода.

Истакнувајќи дека честитиот народ со својата племенитост и одлучноста со кои во текот на својата историја никогаш не потклекнал пред окупацијата и заканите, со Битката на Врховниот командант им додаде уште една алка на едно по друго извојуваните победи за време на народноослободителната борба, Мустафа Шентоп укажа на тоа дека да се споменува и да се сеќава на историјата има безброј други значења надвор од едно празно (безначајно) повторување и од празни и безначајни приоди. 

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп додаде дека волјата и одлучноста со која со Победата кај Малазгирт во 1071 година е земен в рака печатот на Анадолија, со извојуваната голема победа на 30 август, прогласи до целиот свет дека целосната независност и слободата се неделлив дел на високиот карактер на народот.



Слични вести