Претседателот Ердоган: Одлучни сме во 2023 година да влеземе како посилна земја економски, воено, политички и дипломатски

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод 30 Август Празникот на победата го посети мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ кадешто истакна дека успесите коишто ги постигнува Турција се показател на нејзината волја за одбрана на своите права и интереси

1481500
Претседателот Ердоган: Одлучни сме во 2023 година да влеземе како посилна земја економски, воено, политички и дипломатски
Cumhurbaşkanı Erdogan 30 Ağustos Zafer Bayramı Anıtkabir 1.jpg
Cumhurbaşkanı Erdogan 30 Ağustos Zafer Bayramı Anıtkabir 2.jpg
Cumhurbaşkanı Erdogan 30 Ağustos Zafer Bayramı Anıtkabir 3.jpg
Cumhurbaşkanı Erdogan 30 Ağustos Zafer Bayramı Anıtkabir 4.jpg
Cumhurbaşkanı Erdogan 30 Ağustos Zafer Bayramı Anıtkabir 5.jpg
Cumhurbaşkanı Erdogan 30 Ağustos Zafer Bayramı Anıtkabir 6.jpg
Cumhurbaşkanı Erdogan 30 Ağustos Zafer Bayramı Anıtkabir 7.jpg
Cumhurbaşkanı Erdogan 30 Ağustos Zafer Bayramı Anıtkabir 8.jpg
Cumhurbaşkanı Erdogan 30 Ağustos Zafer Bayramı Anıtkabir 9.jpg
Cumhurbaşkanı Erdogan 30 Ağustos Zafer Bayramı Anıtkabir 10.jpg
Cumhurbaşkanı Erdogan 30 Ağustos Zafer Bayramı Anıtkabir 11.jpg
Cumhurbaşkanı Erdogan 30 Ağustos Zafer Bayramı Anıtkabir 12.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  по повод 30 Август Празникот на победата го посети мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“. 

Во говорот што го одржа овде претседателот Ердоган истакна дека успесите коишто ги постигнува Турција се показател на нејзината волја за одбрана на своите права и интереси.

Тој рече: „Одлучни сме во 2023 година кога ќе ја одбележиме 100-годишнината од нашата Република, да влеземе како посилна, понезависна, попросперитетна земја од економски, воен, политички и дипломатски аспект.“

Велејќи „Критичните успеси коишто ги постигнуваме на различни полиња се најјасниот показател на нашата волја по прашањето на одбрана на правата и интересите на нашата земја“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Турција, поготово во Источниот Медитеран, нема да потклекне пред јазикот на закана, застрашување и уцена, ќе продолжи да ги брани своите права коишто произлегуваат од меѓународното право и од билатералните договори.“



Слични вести