Порака од претседателот Ердоган по повод 30 Август Празникот на победата

Претседателот Ердоган во објавената порака по повод одбележувањето на 98-годишнината од 30 Август Празникот на победата истакна дека со оваа победа уште еднаш му беше прогласено на целиот свет дека овие територии се нашата вечна татковина

1481413
Порака од претседателот Ердоган по повод 30 Август Празникот на победата

Претседателот Реџеп објави порака по повод одбележувањето на 98-годишнината од 30 Август Празникот на победата. 

Претседателот Ердоган во пораката напиша: "Со победата на 30 август уште еднаш му беше прогласено на целиот свет дека овие територии се нашата вечна татковина." 

Ердоган истакна дека од се срце им ги честита 39 август Празникот на победата на сите граѓани во Турција и насекаде низ светот. 

"Борбата за слобода којашто беше започната во 1919 година од Самсун под водство на Гази Мустафа Кемал Ататурк, на 30 август со Битката на Врховниот командант резултираше со конечна и трајна победа. Со победата на 30 август уште еднаш му беше прогласено на целиот свет дека овие територии се нашата вечна татковина. Оваа победа е проглас на повторното раѓање на еден народ од својата пепел кој сакаше да се закопа во историјата, на неговото издигнување на нозе и повторното настапување на историската сцена." - подвлече Ердоган. 

Велејќи "Не е случајно тоа што оние кои се обидуваат да ја исклучат нашата земја од Источниот Медитеран се истите тие окупатори кои пред еден век се обидоа да ја окупираат нашата татковина", претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака по повод 30 Август Празникот на победата го напиша следното: "Онака како што нашиот народ и покрај немаштијата и невозможности ја водеше борбата за слобода до победа, ѝ денеска апсолутно (никако) нема да се двоуми да ги елиминира желбите (страстите) и потезите за Севр (Договорот) во Сината татковина. Никој не треба да се сомнева по прашањето на нашата волја и нашата непоколеблива верба во победата. Со овие мисли, со благодарност се сеќавам на основоположикот на нашата Република Врховниот командант на Големата офанзива Гази Мустафа Кемал Ататурк и неговите соборци. На сите наши шехиди (паднати борци) кои илјада години како ги положиле своите животи за одбрана на оваа татковина им посакувам милост од Аллах, на нашите газии (борци ветерани) им посакувам здрав и спокоен живот. Нека ни е честит 30 Август Празникот на победата."



Слични вести