Хулуси Акар: Турските вооружени сили се решени, одлучни и располагаат со сила за одбрана на нашата татковина

Министерот Акар истакна дека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) се решени, одлучни и располагаат со силата за одбрана на својата татковина, својот народ, своите национални и духовни вредности, меѓународното прави и интересите

1481585
Хулуси Акар: Турските вооружени сили се решени, одлучни и располагаат со сила за одбрана на нашата татковина

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Кучукакјуз; по повод 30 Август Празникот на победата и Денот на Турските воздушни сили, ги посети Државните гробишта.

Во рамките на мерките коишто се преземаат против новиот тип коронавирус (Ковид-19), министерот Хулуси Акар на Монументалниот ѕид на Државните гробишта на којшто се напишани имињата на командантите кои учествувале во народноослободителната борба положи венец со црвени и бели каранфили (како симбол на турското знаме) со натпис „Министерство за национална одбрана“.

Министерот Акар истакна дека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) се решени, одлучни и располагаат со неопходната сила за одбрана на својата татковина, својот народ, своите национални и духовни вредности, своето меѓународно право и интереси.

По оддавањето почит со едноминутно молчење, министерот за национална одбрана Хулуси Акар се потпиша во спомен книгата на Државните гробишта и го напиша следното:

„Команданти херои на нашата национална борба, наши честити шехиди и наши ценети државни големци; по повод 98-годишнината од 30 Август Празникот на победата и Денот на Турските вооружени сили ја доживуваме гордоста и сме поносни од тоа што заедно со нашиот началник на Генералштаботи и нашите команданти на родови, се наоѓаме пред вас.

Националната борба којашто ја започнавте пред еден век застанувајќи на чело на нашиот племенит народ кој одби да живее под ропство на нашите свети татковински територии, на 30 август 1922 година ја крунисавте со победа и му прогласивте на целиот свет дека Анадолија вечно ќе остане како турска татковина. 

Самопожртвуваноста и јунаштвото коишто ги покажавте за одбрана на нашата татковина, нашите национални и духовни вредности, за нас постојано ќе претставуваат извор на најголема инспирација.

Да застанеме во одбрана на светиот аманет којшто го презедовме од вас и да им го оставиме овој аманет на идните поколенија, претставува историска одговорност поставена на нашите плеќи.

Свесни за тоа, Турските вооружени сили, како вчера така и денеска, се решени, одлучни и располагаат со неопходната сила за одбрана на нашата  татковина, нашиот народ, нашите национални и духовни вредности, нашето меѓународно право, заинтересираност и интереси.

По повод овој значаен ден, со милост и благодарност се сеќаваме на вас, бесмртните споменици на нашето единство и заедништво, нашата љубов кон татковината и народот, нашата самопоржтвуваност и нашето херојство, Ви ја доставуваме нашата почит и нашата благодарност. Бидете благословени.“

 



Слични вести