Чавушоглу: Проширувањето на грчките територијални води на 12 милји и понатаму е причина за војна

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека проширувањето на грчките територијални води на 12 милји во Егејското Море и понатаму стои како причина за војна, согласно одлуката којашто е донесена пред повеќе години од страна на Собранието

1481461
Чавушоглу: Проширувањето на грчките територијални води на 12 милји и понатаму е причина за војна

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал кадешто даде изјави во врска со актуелниот дневен ред. 

Чавушоглу потсети дека Грција и Јужната Кипарско-грчката управа не успеаја да ја добијат од Европската унија (ЕУ) посакуваната реакција против Турција (по прашањето на Источниот Медитеран). 

Мевлут Чавушоглу го подвлече следното: "Не можат (грчките територијални води) во Егејот да прогласат 12 милји, се уште важи одлуката којашто ја донесе нашето Собрание пред долги години; тоа претставува причина за војна."

„Европската унија (ЕУ) треба да биде посредник, не треба да држи страна. Она што треба да го направи ЕУ е онака како што ни вели нам, да и кажува и на Грција за точките во кои не е во право, појасно кажано да и го каже и тоа дека нејзината поддршка не е безусловна... Треба да им го каже тоа на Грција и на Јужната Кипарско-грчката управа, така да да заземат место на страната на решението и да научат да споделиваат.“

На едно поставено прашање во врска со тоа каква реакција ќе покаже Турција доколу Грција својата одлука за проширување на своите територијални води во Јонското Море на 12 милји го применува и во Егејското Море,  министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го истакна следното:„Нас не не засега тоа што ќе прогласи 12 милји во Јонското Море. Таму може да го стори тоа, тоа нема врска со нас, меѓутоа во Егејот не можат да прогласат 12 милји. Одлуката којашто ја донесе нашето Собрание пред долги години важи и денеска, тоа е причина за војна.“

Привлекувајќи внимание дека Грција при секоја присутна затегнатост со Турција го зголемува притисокот врз Турците во Западна Тракија, Чавушоглу потсети дека по ова прашање постојат 3 пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) против Грција."

Мевлут Чавушоглу напомена дека Турција на островот Ѓокчеада отвори училиште на грчки јазик само за четворица ученици и го истакна следното: „Меѓутоа, Грција во последните години ги затвори училиштата на турското малцинство. Во блиско време под изговор на мерките за штедење и од немање ученици затвори 8 училишта. Во последните 25 години бројот на училиштата во Западна Тракија од 231 го намали на 115, односно за 50 отсто.“



Слични вести