Во вооружен судир со терористите во Догубајазит кај Агри загинаа двајца турски војници

Во вооружен судир на безбедносните сили со група терористи во населеното место Догубајазит кај градот Агри во близина на турско-иранската граница, станаа шехиди (загинаа) двајца постари наредници

1481288
Во вооружен судир со терористите во Догубајазит кај Агри загинаа двајца турски војници

Во вооружен судир на безбедносните сили со група терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Догубајазит кај градот Агри, станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници со чинови постари наредници.

Според добиени информации од безбедносни извори, во населеното место Догубајазит кај градот Агри во близина на турско-иранската граница дојде до вооружен судир помеѓу безбедносните сили и група терористи на ПКК.

Во вооружениот судир беа ранети двајца постари наредници кои беа префрлени на лекување во Државната болница д-р Јашар Ерјилмаз во Догубајазит, меѓутоа и покрај сите напори на лекарите им подлегнаа на раните и станаа шехиди (загинаа).



Слични вести