Турција објави нов „NAVTEX“ во Источниот Медитеран: Обука со стрелање од 29 август до 11 септември

Турција објави уште една нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) во која се истакнува дека од 29 август до 11 септември ќе се реализира обука со стрелање

1481170
Турција објави нов „NAVTEX“ во Источниот Медитеран: Обука со стрелање од 29 август до 11 септември

Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) за воена обука со стрелање од 29 август до 11 септември во Источниот Медитеран.

Турција заедно со своите активности за сеизмички истражувања во Источниот Медитеран ги продолжува со одлучност и своите воени обуки во регионот.

По пресретнувањето и спречувањето од страна на турските воени авиони Ф-16 на обидот на грчките воени авиони за доближување во зоната кадешто Турција објави „NAVTEX“, од страна на Анкара пристигна уште еден чекор.

Турција објави уште една нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка).

Со овој издаден последен „NAVTEX“ е соопштено дека од 29 август до 11 септември ќе се реализира обука со стрелање.

Заедно со дадените координати на зоната во која ќе се реализира обуката со стрелање беше споделена информацијата дека обуката во наведените датуми ќе се одвива помеѓу 05:00 и 14:00 часот по турско време.

Обуките со стрелање ќе започнат од денеска и ќе завршат на 11 септември. 

Инаку, Турција и претходно соопшти дека на 1 и 2 септември помеѓу 08:00 и 15:00 часот по турско време ќе се реализира обука со стрелање во Источниот Медитеран.

Исто така беа продолжени до 1 септември и активностите за сеизмички истражувања на бродовите „Оруч Реис“, „Атаман“ и „Џенгиз Хан“ во Источниот Медитеран.



Слични вести