Претседателот Ердоган разговараше телефонски со генералниот секретар на НАТО Столтенберг

Претседателот Ердоган му рече на својот соговорник генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека секогаш и секаде ќе продолжат да ги бранат правата и интересите на Турција

1481096
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со генералниот секретар на НАТО Столтенберг

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателството, во телефонскиот разговор во кој беа разгледани случувањата во Источниот Медитеран претседателот Ердоган му рече на својот соговорник Столтенберг дека секогаш и секаде ќе продолжат да ги бранат правата и интересите на Турција. 

Претседателот Ердоган нагласи дека Турција е на страната на праведно решение и средина на здрав дијалог во Источниот Медитеран со што ќе профитира секој, а воедно го истакна и тоа дека НАТО треба да ја исполни одговорноста што му се паѓа против едностраните чекори кои го негираат меѓународното право и му наштетуваат на регионалниот мир. 



Слични вести