По повод 30 Август Празникот на победата 21 воен брод ќе посетат 20 пристаништа

Во рамките на одбележувањето на 98-годишнината од 30 Август Празникот на победата и Ден на Турските вооружени сили 21 воен брод на турските Поморски сили утре ќе посетат 20 пристаништа

1481278
По повод 30 Август Празникот на победата 21 воен брод ќе посетат 20 пристаништа

Министерството за национална одбрана соопшти дека во рамките на одбележувањето на 30 Август Празникот на победата и Ден на Турските вооружени сили 21 брод на Поморските сили ќе посетат 20 пристаништа.

Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната медија беа соопштени детали во врска со манифестациите коишто ќе се одржат утре во рамките на 30 Август Празникот на победата и Денот на Турските вооружени сили. 

Како што се истакнува 21 брод од составот на турските Поморски сили утре ќе посетат 20 пристаништа.

На бродовите коишто ќе се укотват на најблиска можна оддалеченост од брегот на зајдисонце заедно со церемонијата на кревање на знамето ќе биде испеана и националната химна.

Големата офанзива која е реализирана пред 98 години под водство на Мустафа Кемал Ататурк против окупаторските сили, резултираше со победа на турската армија.

Големата офанзива и Битката на Врховниот командант коишто започнаа на 26 август 1922 година и завршија со извојуваат победа на турската армија на 30 август, преминаа во историјата како едниот од најголемите епови на јунаштво во светската историја.



Слични вести