Турските воени авиони оддалечија 6 грчки Ф-16'ки кои се доближија до зоната на „NAVTEX“

Министерството за национална одбрана: 6 воени авиони Ф-16 во сопственост на Грција кои полетувајќи од островот Крит се доближија до зоната во која е објавен „NAVTEX“ беа пресретнати од страна на турските воени авиони и оддалечени од областа

1481021
Турските воени авиони оддалечија 6 грчки Ф-16'ки кои се доближија до зоната на „NAVTEX“

Министерството за национална одбрана соопшти дека 6 воени авиони од типот Ф-16 во сопственост на Грција кои се доближија до зоната во која Турција објави навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) беа пресретнати од страна на турските воени авиони Ф-16 и оддалечени од областа.

Во објавеното соопштение од Министерството се истакнува следното: „6 воени авиони Ф-16 во сопственост на Грција кои полетувајќи од островот Крит се доближија до зоната во која е објавен NAVTEX, беа пресретнати и оддалечени од областа.“

Во соопштението се вели дека воените авиони Ф-16 на Турските воздушни сили престретнувањето го реализирале во југозападниот дел на островот Кипар, а воедно се нагласува и следното: „Нашите поморски и воздушни сили продолжуваат да работат со бесконечна решителност за нашите права, нашата заинтересираност и нашите интереси во Источниот Медитеран.“



Слични вести