Средба на Ибрахим Калин со специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри
На средбата којашто траеше приближно еден и пол час беше разговарано за сириската криза на чело со Идлиб, политичкиот процес во оваа земја, работите на Уставниот комитет, борбата против тероризмот, мигрантите, регионални прашања и за билатралните односи

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во дворецот Мабејн во Истанбул се состана со специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија Џејмс Џефри и делегацијата во негова придружба.
На средбата којашто траеше приближно еден и пол час беше разговарано за сириската криза на чело со Идлиб, политичкиот процес во оваа земја, работите на Уставниот комитет, борбата против тероризмот, мигрантите, регионални прашања и за билатералните односи.
На состанокот на кој беше направена проценка на актуелната ситуација во Идлиб, беше изнесена одлучноста на Турција во правец на одбраната на средината без судири, и покрај агресовноста на режимот и неговите прекршувања на прекинот на огнот.
На средбата беше постигната согласност по прашањето на тоа дека наспроти обидите на режимот за поткопување на политичкиот процес да бидат интензивирани работите на Уставниот комитет, да се формира неопходната средина за слободни и праведни избори, како и да се зголемат заедничките активности во правец на обезбедување на доброволно и безбедно враќање на мигрантите назад во своите домови.
Беше нагласено дека е неприфатлива секој вид политичка, економска и воена поддршка на терористичките групи во Сирија, а воедно до своите американски соговорници беше доставена потребата од водење на заедничка борба против сите терористички организации, вклучувајќи ги ДЕАШ, ПКК/ПЈД/ЈПГ.
Слични вести
