Претседателот Ердоган се состана со претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри

На средбата што се одржа во дворецот Вахдеттин во Истанбул, присуствуваше и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп

1480394
Претседателот Ердоган се состана со претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се состана со претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри.

Претседателот Ердоган, претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри го прими во дворецот Вахдеттин во Истанбул.

Приемот беше затворен за медиумите, а присуствуваше и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.

Претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри претходно се состана и со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, во неговата канцеларија во Истанбул.

Шентоп и Мешри по остварената средба одржаа и заедничка прес конференција.

Овде, претседателот на Собранието Мустафа Шентоп истакна дека на средбата со Мешри размениле мислења и во врска со актуелната ситуацијата во Либија и во врска со најновите случувања.

Шентоп нагласи дека Турција уште од почетокот продолжува со одлучност да ги поддржува безбедноста и стабилноста на либискиот народ, како и воспоставувањето најпрвин на прекинот на огнот во Либија, а потоа и на внатрешниот мир во оваа земја.

Мустафа Шентоп нагласи дека Турција очекува од различни држави кои се наоѓаат и делуваат во Либија спротивно на меѓународното право, вклучувајќи ги и Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Франција, да ја почитуваат легитимната Влада во Либија. 

 



Слични вести