Потпретседателот Фуат Октај го прими претседателот на делегацијата на ЕУ во Турција Кристијан Бергер

На приемот во официјалната резиденција на потпретседателството во Анкара којшто траеше 45 минути беше разговарано за прашања посветени на Источниот Медитеран, Царинската унија и мигрантите

1480985
Потпретседателот Фуат Октај го прими претседателот на делегацијата на ЕУ во Турција Кристијан Бергер

Потпретседателот Фуат Октај го прими претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Кристијан Бергер.

На приемот во официјалната резиденција на потпретседателството во Анкара којшто траеше 45 минути беше разговарано за прашања посветени на Источниот Медитеран, Царинската унија и мигрантите.

На средбата, потпретседателот Фуат Октај укажа на проблемите коишто се доживуваат во односите со Европската унија (ЕУ) на институционално ниво, а воедно го информира својот соговорник дека Турција без отстапки ја продолжува својата агенда разговарајќи одделно со секоја земја членка и дека нема да се откаже од тоа.

На средбата беа разгледани и случувањата поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), а беше разговарано и за тоа дека национализацијата се појави на преден план во синџирот на набавка на производи во глобални рамки, како и за борбата на Турција во периодот на пандемијата која служи за пример.

Потпретседателот Фуат Октај, на претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Кристијан Бергер чиј мандат во Турција истекува идната недела, му се заблагодари за соработката за време на неговата должност.



Слични вести