На северот на Ирак се неутрализирани двајца, а кај градот Карс 5 мина терористи

Во реализирана прекугранична воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани двајца, а во операција кај градот Карс 5 мина терористи на ПКК од кои еден од категоријата со портокалова боја и двајца од категоријата со сива боја

1480703
На северот на Ирак се неутрализирани двајца, а кај градот Карс 5 мина терористи

Во областите Зап и Хакурк во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК за кои било установено дека се подготвувале за терористичка акција.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: "Со реализирана воздушна операција се неутрализирани двајца терористи на ПКК кои се утврдени во областите Зап и Хакурк во северниот дел на Ирак и за кои е установено дека се спремале за терористичка акција. Нашите операции ќе продолжат се додека не биде неутрализиран и последниот терорист."

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека во населеното место Кагизман кај градот Карс се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од кои еден од категоријата означена со портокалова боја, а двајца од категоријата означена со сива боја. 

Исто така и Министерството за внатрешни работи соопшти дека еден терорист за кого е установено дека се приклучил кон сепаратистичко-терористичката организација ПКК во 2010 година, им се предал на безбедносните сили во градот Мардин.

Во тие рамки, бројот на терористите кои им се предадоа на безбедносните сили како резултат на активностите за убедување од месец јануари досега се зголеми на вкупно 141.



Слични вести