Турција објави нов „NAVTEX“ за продолжување на истражувањата во Источниот Медитеран до 1 септември

Во објавената најнова навигациска информација „NAVTEX“ е соопштено дека бродовите „Оруч Реис“, „Атаман“ и „Џенгиз Хан“ во периодот од 27 август до 1 септември ќе реализираат сеизмички истражување во Средоземното Море

1480212
Турција објави нов „NAVTEX“ за продолжување на истражувањата во Источниот Медитеран до 1 септември

Турција соопшти дека турските бродови за истражување „Оруч Реис“, „Атаман“ и „Џенгиз Хан“ во периодот од 27 август до 1 септември ќе реализираат сеизмички истражување во Средоземното Море.

Во врска со активностите за реализирање на сеизмички истражувања во Источниот Медитеран коишто претходно исто така беа продолжени од 23 август до 27 август, е објавено нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка).

Според овој нов издаден „NAVTEX“ активностите за сеизмички истражувања на Турција во Источниот Медитеран се продолжени до 1 септември.

Во објавената најнова навигациска информација „NAVTEX“ е соопштено дека бродовите „Оруч Реис“, „Атаман“ и „Џенгиз Хан“ во периодот од 27 август до 1 септември ќе реализираат сеизмички истражување во Средоземното Море.

Во поморската предупредувачка белешка „NAVTEX“ воедно се споделени и координатите на зоната кадешто ќе се реализираат активностите за истражување и се предупредува „да се преминуваат 6 наутички милји“.

Како што се истакнува овој издаден „NAVTEX“ ќе заврши на 1 септември во 20:59 часот по турско време.



Слични вести