Турција ја дочека со задоволство изречената казна доживотен затвор без можност за условна слобода на терористот Тарант

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека е дочекана со задоволство изречената казна доживотен затвор на терористот Брантон Тарант

1480123
Турција ја дочека со задоволство изречената казна доживотен затвор без можност за условна слобода на терористот Тарант

Турција ја дочека со задоволство изречената казна доживотен затвор на терористот Брантон Тарант кој во извршениот вооружен терористички напад на 15 март 2019 година врз 2 џамии во градот Крајстчрч во Нова Зеланд безмилосно уби 51 лице, а 49 лица рани.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи во врска со изречената пресуда се потсетува дека во терористичкиот напад на 15 март 2019 година чија цел беа 2 џамии животот го загубија 51 лице меѓу кои и турскиот државјанин Зекерија Тујан, а 49 лица беа ранети од кои исто така двајца турски државјани Мустафа Бозташ и Темел Атачоџугу.

Во соопштението на жртвите во нападот им се посакува млост од Аллах и се вели следното: „Со задоволство го одбележуваме тоа што на терористот му е изречена најтешката казна во Нов Зеланд, како што е соопштено 'доживотна казна затвор без можност за било какво негово условно пуштање на слобода или помилување'. Оваа одлука на судот (пресуда) уште еднаш потсети на потребата од заедничка борба на меѓународната заедница против исламофобијата, непријателството кон странците, расизмот и сите идеологии и активности предизвикани од гнев.“

Во соопштението се нагласува дека Турција и во иднина ќе го продолжи без отстапки својот одличен и принципиелен став против секој вид дискриминација.



Слични вести