Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри оствари разговори во Министерството за национална одбрана

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, е остварена средба помеѓу делегациите на Турција и САД на чело со заменик министерот за национална одбрана Јунус Емре Караосманоглу и Џејмс Џефри

1480309
Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри оствари разговори во Министерството за национална одбрана

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) Џејмс Џефри кој допатува на разговори во Турција денеска во рамките на своите официјални средби и разговори во Анкара го посети Министерството за национална одбрана.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, е остварена средба помеѓу делегациите на Турција и САД на чело со заменик министерот за национална одбрана Јунус Емре Караосманоглу и Џејмс Џефри.

На средбата на која учествуваше и амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд беа разменети мислења во однос на низа билатерални и регионални прашања на чело со оние посветени на Сирија и Источниот Медитеран.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така ги прими специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) Џејмс Џефри и амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд кои го посетија Министерството за национална одбрана.



Слични вести