Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри допатува на разговори во Турција

Џејмс Џефри на слегување од авионот на аеродромот Есенбога во Анкара даде изјава за претставниците на печатот при што истакна дека во Анкара доаѓа од Женева и дека има „возбудувачки случувања“  во врска со сириското прашање

1479781
Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри допатува на разговори во Турција

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија Џејмс Џефри и делегацијата во негова придружба пристигнаа во Анкара кадешто ќе остварат низа официјални средби и разговори.

Џефри на слегување од авионот на аеродромот Есенбога во Анкара даде изјава за претставниците на печатот при што истакна дека во Анкара доаѓа од Женева и дека има „возбудувачки случувања“  во врска со сириското прашање.

Потестувајќи дека во Женева започна третата рунда од состаноците на Уставниот комитет за Сирија, Џефри рече: „Ова беше само почеток. Турција помогна многу со поттикнување на членовите на Уставниот комитет, и особено на опозицијата.“ 

Џејмс Џефри појасни дека во моментов се очекуваат резултатите од тестирањата за новиот тип коронавирус (Ковид-19) на неколку членови на Комитетот и го рече следното: „Меѓутоа, имаме многу многу надеж по прашањето на тоа дека Уставниот комитет ќе продолжи по политичкиот пат и дека навистина нема да се откаже од напредокот.“ 

Во врска со ситуацијата во Сирија, специјалниот претставник на САД за Сирија го истакна следното: „Воената фаза од овој судир треба да заврши. Не постои поголема основа за добивка на страната на режимот. Режимот треба да се врати на преговарачката маса и да се бави со останатиот дел на меѓународната заедница. Тоа е наш приоритет. По ова прашање ќе разговараме и со турските функционери.“

На едно поставено прашање во врска со приодот на САД кон Турција, Џефри рече: „Во последните 2 години колку што дојдов овде на ова прашање имам одговорено низа пати. САД се многу блиски сојузници со Турција. Надвор од Сирија оваа наша вредност ја докажавме во голем број сфери.“

Во врска со тоа што мисли во врска со улогата на Турција во решавањето на сириското прашање Џејмс Џефри ги употреби зборовите „Турција е во централна положба.“

Инаку, специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри вчера во рамките на третата рунда од состаноците на Уставниот комитет за Сирија во Женева се состана и со Седат Онал заменик министерот за надворешни работи на Турција, кој исто така престојуваше на разговори во швајцарскиот град Женева.



Слични вести