„Секоја иницијатива за исклучување на Турција и кипарските Турци од Источниот Медитеран, ќе резултира со пораз“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека секоја иницијатива со којашто се настојува Турција и кипарските Турци да бидат исклучени (оставени надвор) од Источниот Медитеран, ќе резултира со пораз

1479774
„Секоја иницијатива за исклучување на Турција и кипарските Турци од Источниот Медитеран, ќе резултира со пораз“

Турција соопшти дека секоја иницијатива со којашто се настојува Турција и кипарските Турци да бидат исклучени (оставени надвор) од Источниот Медитеран, ќе резултира со пораз.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со слетувањето на француските воени авиони во Јужната кипарско-грчка управа.

Аксој укажа дека слетувањето на француските воени авиони во Јужната кипарско-грчка управа под изговор за реализирање на заедничка воена вежба со Јужната кипарско-грчка управа, Грција и Италија, како и привременото или постојано стационирање на овие воени авиони на островот Кипар е во спротивност со Договорите од 1960 година (од Цирих и Лондон) со коишто им се признава еднакво право и рамноправен статус на кипарските Турци и Грци. 

„Франција која не е гаранторска земја на островот Кипар, со овој нејзин став на опасен начин ја поттикнува во правец на уште повеќе зголемување на затегнатоста кипарско-грчката двојка која е одговорна за пристутните тензии во Источниот Медитеран. Уште еднаш потестуваме: Секоја иницијатива со којашто се настојува Турција и кипарските Турци да бидат исклучени (оставени надвор) од Источниот Медитеран, ќе резултира со пораз.“ - порача портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој.



Слични вести