Хулуси Акар: Турција објави нов „NAVTEX“ за обука со стрелање во Источниот Медитеран

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Објавен е NAVTEX за реализирање на обука со стрелање од страна на нашите Поморски сили во подрачјето на Искендерун (во Источниот Медитеран).“

1480085
Хулуси Акар: Турција објави нов „NAVTEX“ за обука со стрелање во Источниот Медитеран

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше гостин на уредничкиот деск на новинската Агенција Анадолија „АА“ кадешто соопшти дека Турција објави нова навигациска информација „NAVTEX“ (поморска предупредувачка белешка) во која стои дека на 1 и 2 спетември ќе се реализира обука со стрелање во Источниот Медитеран.

Акар рече: „Објавен е NAVTEX за реализирање на обука со стрелање од страна на нашите Поморски сили во подрачјето на Искендерун (во Источниот Медитеран).“

Во врска со случувањата во Источниот Медитеран, министерот Хулуси Акар истакна дека Турција нема претензии (нема око) кон (во) ничија земја и ничие море и го подвлече следното: „Меѓутоа, на никој начин (никако) нема да дозволиме било каков напад против нас од териториите и од морињата на нашите соседи, би сакале секој да го знае тоа дека нема да ги затвориме нашите очи пред тоа.“

Акар својот говор го продолжи со следните зборови: „Ние сме на страната на разговарање. Дојдете да разговараме. Отворени сме за дијалог, сакаме мир, спокојство, меѓутоа го сакаме и нашето право и она што ни следува. Доколку нашите грчки колеги одлучат во наредните денови ќе чувствуваме задоволство да ги пречекаме овде. Ние како Турци и Грци треба да ги решиме нашите сопствени проблеми со разговор, а не да бараме засолниште во Европа, Европската унија (ЕУ) или во Франција.“

Во врска со бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го рече следното: Она што го правиме ние е дупчење (сондажа) и истражување. Во рамките на нашите права, нашата заинтересираност и нашите интереси, со мирољубиви патишта и методи ги реализираме нашите активности во областите коишто ни припаѓаат нам. Сметаме дека е погрешно овие економски активности да се водат во различни насоки. Нашите бродови ги штитат за безбедно водење на активностите. Погрешно е да се наметнуваат значења во тоа.“

Акар истакна дека веќе секој треба да знае оти државата Република Турција стана вистински фактор на меѓународната сцена.

Во врска со заедничките турско-руски копнени патроли во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, Хулуси Акар рече: „Досега на Автопатот М-4 реализиравме 26 патроли. Патролите ќе продолжат, нашата соработка продолжува.“

Во однос на прашањето со Идлиб пак, Акар рече: „Сме во постојан контакт со Русија за спречување на обидите за прекршување на прекинот на огнот, работиме за да не дојде до расипување на стабилноста таму.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со тврдењата околу тоа дека Турција ќе формира база во Либија рече: „Припадниците на нашите Вооружени сили им даваат обука на нашите либиски браќа по пат на формирање центри за обука. Не е правилно тоа да се преувеличува.“

Министерот Акар истакна дека Турција во Либија реализира активности во смисла на усогласеност ѝ на човековите права ѝ на меѓународното право, а воедно напомена дека овие активности ќе продолжат.



Слични вести