Во подрачјето на градот Дијарбакир е започната операцијата „Молња-7 Лиџе Нарко-Терор“

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека од страна на градската команда на жандармеријата во Дијарбакир е започната операцијата „Молња-7 Лиџе Нарко-Терор“ во која учествуваат 1.495 припадници на безбедносните сили

1479320
Во подрачјето на градот Дијарбакир е започната операцијата „Молња-7 Лиџе Нарко-Терор“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на градот Дијарбакир е започната операцијата „Молња-7 Лиџе Нарко-Терор“ во која учествуваат 1.495 припадници на безбедносните сили.

Во објавеното соопштение од Министерството се истакнува дека од страна на градската команда на жандармеријата во Дијарбакир е започната операцијата „Молња-7 Лиџе Нарко-Терор“, а со цел целосно исклучување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите за кои се проценува дека се засолнуваат во подрачјето. 

Во операцијата учествуваат 1.495 припадници на безбедносните сили од 100 оперативни тимови составени од жандармериски командоси од градската команда на жандармеријата во Дијарбакир, специјални жандармериски сили (JÖH), специјални полициски сили (PÖH) и безбедносни чувари. 

Во соопштението на Министерството се истакнува дека во рамките на операциите Молња 1, 2, 3, 4, 5, 6 коишто се реализираат за целосно елиминирање на тероризмот внатре во земјата досега се неутрализирани 31 терорист, а воедно се уништени 48 пештери, засолништа и складишта, а исто така се запленети и големи количини оружје и муниција, како и храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите. 

Во соопштението се вели дека операциите Молња со поддршка на народот продолжуваат успешно со верба и со одлучност. 

Од друга страна пак, Министерството за внатрешни работи соопшти дека по пат на убедување во градот Ширнак се предале двајца терористи на ПКК по кои се трагало со црвена потерница од страна на Меѓународната организација за криминалистичка полиција (Интерпол). 



Слични вести