„Турција ќе го земе она што е нејзино право ѝ во Средоземното Море ѝ во Егејското ѝ во Црното Море“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција ќе го земе она што е нејзино право ѝ во Средоземното Море ѝ во Егејското ѝ во Црното Море

1479496
„Турција ќе го земе она што е нејзино право ѝ во Средоземното Море ѝ во Егејското ѝ во Црното Море“
Erdoğan Malazgirt.2.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на просторот на Националниот парк Малазгирт кај градот Муш, а по повод одбележувањето на 949-годишнината од извојуваната победа на Битката кај Малазгирт, во врска со присутната затегнатост во Источниот Медитеран, истакна дека Турција ќе го земе она што е нејзино право ѝ во Средоземното Море ѝ во Егејското ѝ во Црното Море.

„Она што го велиме и ќе направиме и тоа по секоја цена. Ако има некој кој е подготвен да застане пред нас по цена и да ја плати сметката за тоа, нека повели. Ако нема, да ни се тргне од патот. Тоа што оние кои не се достојни ниту да станат наследници на Византија, денеска земајќи ги Европејците зад себе се во потрага по неправда, незаконие и пиратство, е показател за тоа дека не извлекле поука од историјата.“ - рече Ердоган.

Тој истакна дека Турција нема претензии (нема око) кон (во) ничија територија, ничиј суверенитет и интерес и дека исто така апсолутно нема да отстапи и од тоа што и припаѓа нејзе.

Велејќи „Ги повикуваме нашите соговорници да се приберат, да стојат далеку од грешки коишто би довеле до ниво уништување“, претседателот Ердоган нагласи дека посакуваат веќе сите да бидат свесни за тоа дека Турција не е земја чие трпение, одлучност, можности и храброст би требало да се тестираат.

„Оние кои не успеаја да ги остварат своите намери да извршат операција врз Турција, не ќе можат да ја изнајдат шансата којашто ја посакуваат.“ - порача претседателот Ердоган. 

 



Слични вести