Остра реакција од Турција до САД за критиките во врска со приемот на функционерите на Хамас

МНР на Турција: „Тоа што легитимните претставници на Хамас кој дојде на власт во Газа по пат на демократски избори (од страна на САД) се нарекуваат терористи, нема да придонесе за напорите во правец на воспоставувањето на мирот и стабилноста во регионот“

1479083
Остра реакција од Турција до САД за критиките во врска со приемот на функционерите на Хамас

Од страна на Турција пристигна остра реакција против соопштението на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со недоамнешниот прием на функционерите на Палестинското движење на отпорот Хамас од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за надворешни работи на Турција по прашањето се истакнува следното: „Американскиот Државен секретаријат објави соопштение во врска со приемот на функционерите на Хамас од страна на нашиот претседател со кое ги пречекорува своите граници. Во целост го офрлуваме ова соопштение. Тоа што легитимните претставници на Хамас кој дојде на власт во Газа по пат на демократски избори (од страна на САД) се нарекуваат терористи, нема да придонесе за напорите во правец на воспоставувањето на мирот и стабилноста во регионот.“

„Ги повикуваме властите на САД да се откажат од служење на интересите на Израел и со урамнотежена политика да помогнат да се најде праведно решение за израелско-палестинскиот конфликт.“ - се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

Инаку, американскиот Државен секретаријат (Стејт департментот) го критикуваше тоа што претседателот Реџеп Тајјип Ердоган минатата недела прими и имаше средба со делегација на Палестинското движење на отпорот Хамас.



Слични вести