Чавушоглу на прес конференција со својот колега Цулја: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Молдавија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес конференција со својот молдависки колега Олег Цулја истакна дека Турција ќе продолжи да ја поддржува Молдавија

1479681
Чавушоглу на прес конференција со својот колега Цулја: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Молдавија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по повод одржувањето на првиот состанок на Групата за заедничко стратешко планирање како подмеханизам на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Молдавија и свеченото отворање на Генералниот конзулат на Турција во Комрат, престојуваше во посета на Молдавија. 

Чавушоглу се состана со својот молдависки колега министерот за надворешни работи Олег Цулја со кого најпрвин одржаа средба лице в лице, а потоа и заедничка прес конференција.

Мевлут Чавушоглу истакна дека доколку Молдавија има потреба од помош во медицински материјали или било каква друга поддршка Турција ќе продолжи да и ја доставува таа поддршка. 

Потсетувајќи дека утре е Денот на независност на Молдавија, Чавушоглу рече: „Како што прогласуваме по повод остварената посета на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган на Молдавија во 2018 година, Молдавија е стратешки партнер на Турција.“

Истакна дека го одржале првиот состанок на Групата за заедничко стратешко планирање со Цула со кого се копретседатели и го рече следното: „На овој состанок ги разгледавме резултатите од состанокот на Стратешкиот совет којшто се одржа во декември 2019 година. Освен тоа, ги направивме подготовките за вториот состанок што ќе се одржи во 2021 година во Молдавија со учество и на претседателот Ердоган.“

Чавушоглу нагласи дека посакуваат да се зголемат трговијата и инвестициите во различни сектори и ја сподели информацијата дека беше разговарано за она коешто би можело да се направи и во другите сфери на чело со земјоделството и туризмот.

Појаснувајќи дека ќе се реализираат активности за вклучување и на секторите коишто се се внесени во Договорот за слободна трговија потпишан помеѓу двете земји, Мевлут Чавушоглу рече: „Нас многу не радува особено тоа што молдависките туристи доаѓаат во Турција како прв збор. И во периодот на пандемијата покажавме дека сме вистински пријатели, ја презентиравме нашата солидарност. Ѝ нашето Министерство за здравство ѝ турската Црвена полумесечина Кизилај ѝ Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и доставија медицинска помош на Молдавија.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу појасни дека и Тој самиот и однесе медицинска помош на Молдавија и го додаде следното: „И во понатамошниот процес доколку Молдавија како наш пријател и стратешки партнер, има поголема потреба од помош во медицински материјали или било каква друга поддршка, ние како Турција ќе продолжиме да и ја доставуваме таа поддршка. Денеска, воедно, макар и симболично со цел да му доставиме поддршка на обазованието во Молдавија од далеку или на дигиталното (онлајн) образование, им донесовме таблети на учениците, а на учителите лаптопи.“



Слични вести