Чавушоглу на прес конференција со Мас: Тензијата во Источниот Медитеран ја зголемуваат Грција и кипарско-грчкиот дел

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа заедничка прес конференција со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас при што уште еднаш ја предупреди Грција да не презема погрешни чекори во Источниот Медитеран

1479084
Чавушоглу на прес конференција со Мас: Тензијата во Источниот Медитеран ја зголемуваат Грција и кипарско-грчкиот дел
Çavuşoğlu - Maas.1.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера вечер одржа заедничка прес конференција со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас кој допатува во официјална посета на Анкара.

Во оваа пригода, министерот Чавушоглу рече: „Ние не сме оние кои ја зголемуваат затегнатоста во Источниот Медитеран. Тоа се Грциј и кипарско-грчкиот дел.“

Мевлут Чавушоглу во својот говор го упати следниот повик до Грција: „Откажете се од оваа разгаленост. Немојте да западнете во мамката на некои земји, немојте да се фрлате себе си во ризик.“

Чавушоглу воедно ја предупреди Грција со следните зборови: „Ако фрлите погрешни чекори, овојпат нема да дојде до несреќа, ќе го направите она што е неопходно.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу својот говор го продолжи со следните зборови: „Грција да не им се залажува на зборовите на земјите кои сакаат да ја фрлат пред турската флота. Ние сме соседи. Ние знаеме како да споделуваме праведно.“

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас пак, истакна дека „Растечката затегнатост (во Источниот Медитеран) не е во полза ниту на Европската унија (ЕУ), ниту на Грција, ниту на Турција.“

„Разговаравме за опасната ситуација (во Источниот Медитеран). Тоа не ја засега само Европската унија (ЕУ), туку го засега и НАТО. Ситуацијата е крајно ризична.“ - рече Мас.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас напомена дека зголемувањето на тензијата нема да биде во полза ниту на Европската унија (ЕУ), ниту на Грција, ниту на Турција и го додаде следното: „Тоа ќе се реши по дипломатски пат. Овде постои волја за дијалог и треба да се подготват политичките услови внатре во Европската унија (ЕУ).“



Слични вести