Албајрак: Турција го започна процесот на една нова епоха во енергијата

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во врска со откриените 320 милијарди метри кубни природен гас во Црното Море рече: „Турција во контекст на енергијата го започна процесот на една нова епоха, сруши еден ѕид ѝ психолошки ѝ материјално“

1479081
Албајрак: Турција го започна процесот на една нова епоха во енергијата

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал кадешто одговараше на прашањата посветени на новинарите посветени на актуелниот дневен ред.

Албајрак рече: „Турција во контекст на енергијата го започна процесот на една нова епоха, сруши еден ѕид ѝ психолошки ѝ материјално.“ 

Во врска со откриените 320 милијарди метри кубни природен гас во Црното Море, министерот Берат Албајрак го рече следното: „Ова е соопштената количина по првата фаза од првото лежиште. Во останатиот дел на ова лежиште има уште два слоја. Откако ќе завршат и тие активности ќе зборуваме за период кога Турција ќе располага со тековен суфицит, девизен суфицит, а не со тековен дефицит.“

Укажувајќи на тоа дека откриените 320 милијарди метри кубни резерви на природен гас во лежиштето Туна-1 во Црното Море е од големо значење од аспект на економијата и политичката историја на земјата, Албајрак го истакна следното: „Турција доживува промена и трансформација на оска. Ниту Исток, ниту Запад. Новата оска е Турција, Ова откритие побуди една извонредна атмосфера на териториите на цела Турција.“

На поставеното прашање во однос на материјалната вредност на откритието пак, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак го рече следното: „320 милијарди метри кубни,тоа е соопштената бројка по првата фаза од првото лежиште. Во останатиот дел на ова лежиште има уште два слоја. Веќе ќе зборуваме за период кога Турција ќе дава  тековен суфицит, девизен суфицит, а не тековен дефицит.“

Велејќи дека исто така со големо значење располага и духовната димензија на ова откритие, министерот Берат Албајрак подвлече дека тоа кај граѓаните создаде една извонредно чувство на радост и надеж кон иднината во земјата.



Слични вести