Претседателот Ердоган во посета на Ахлат на 494-годишнината од победата на Битката кај Малазгирт

Претседателот Ердоган по повод одбележувањето на 494-годишнината од извојуваат победа на Битката кај Малазгирт го посети населеното место Ахлат кај градот Битлис

1479026
Претседателот Ердоган во посета на Ахлат на 494-годишнината од победата на Битката кај Малазгирт

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган допатува во населеното место Ахлат кај градот Битлис каде што се одржуваат манифестациите по повод одбележувањето на 494-годишнината од извојуваната победа на Битката кај Малазгирт (1071 година). 

Претседателот Ердоган заедно со својата сопруга Емине Ердоган го разгледа од воздух претседателскиот дворец изграден на брегот на Ванското езеро.

Претседателот Ердоган го отвори Младинскиот центар во Ахлат каде што одржа кус говор. 

Претседателот Ердоган рече: "Денеска во областа ќе ги посетиме гробиштата коишто ги претставуваат првите чекори на Селчуците во Ахлат, а утре ќе тргнеме на пат за Малазгирт и ќе го отвориме нашето куллије (Претседателскиот дворец). По тој повод посакувам од Аллах овој убав младински камп да биде аирлија за нашите млади. Како на нашето Министерство за внатрешни работи така и на нашето Министерство за младина и спорт кое ќе управува со него им посакувам успех во своите работи."

По одржаниот говор беше пресечена лентата, а потоа претседателот Ердоган заедно со оние во негова придружба го посети Младинскиот камп.

На овдешната церемонија учествуваа и потпретседател Фуат Октај, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и претседателот на опозициската Партија за национално движење (МХП) Девлет Бахчели.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган потоа ги посети гробиштата на Селчуците во населеното место Ахлат, кои се најголемите турско-исламски гробишта во светот и се наоѓаат на Привремената листа на Светското културно наследство на УНЕСКО.



Слични вести