Марш и видео спот „Црвено јаболко“ по повод 949-та годишнина од победата на Битката кај Малазгирт

Црвеното јаболко е свет чинар под чија сенка се ладат и освежуваат низа угнетени

1478839
Марш и видео спот „Црвено јаболко“ по повод 949-та годишнина од победата на Битката кај Малазгирт

 

Дирекцијата за комуникации при претседателството по повод 949-та годишнина од победата на Битката кај Малазгирт (Битката кај Манцикерет) подготви марш и видео спот.

Директорот на Дирекцијата за комуникации Фахреттин Алтун во врска со маршот и видео спотот „Црвено јаболко“ (Kızıl Elma) рече дека поимот „Црвено јаболко“ за нас подразбира голема и силна Турција. Тоа е благословен марш на нашиот народ кој се простира од малазгирт до 15 јули. Црвеното јаболко е свет чинар под чија сенка се ладат и освежуваат низа угнетени. Тоа е очекување со нетпрние на целото човештво од Гибралтар до Хиџаз, од Балканот до Европа“ напиша Алтун под објавата на твитер.

Маршот на видео спотот на „Црвеното јаболко“ беше обмислен врз основа на темите коишто го носат и содржат истиот дух од поебдата на Битката кај Малазгирт во 1071 година, формирањето на Османлиската држава, освојувањето на Истанбул, Битката на Чанаккале (Галиполе) и Народноослободителната војна на турскиот народ.

На видео спотот се прикажуваат и сцени од читањето на првите ајети на сурата „Ел-Фетх (Победа) од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.



Слични вести