Калин: „Погрешно е поставувањето услови од САД поради ракетите С-400“

Ние сме суверена земја. Оваа одлука ја усвоивме врз основа на нашата сувереност.

1478590
Калин: „Погрешно е поставувањето услови од САД поради ракетите С-400“

 

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин рече дека е погрешно поставувањето услови од страна на САД поради воздушно-одбранбениот систем С-400 којшто Турција го купи од Русија.

Калин даде интервју за американската медиумска куќа Блумберг.

Калин рече дека поставувањето на условот од страна на САД за откажување на Турција од рускиот воздушно-одбранбен систем С-400 што го купи со цел понатамошен развој на безбедносните, трговските и односите во другите сфери е погрешно.

Сега САД како предуслов нудат откажување од С-400, што е неприфатливо. Ние сме суверена земја. Оваа одлука ја усвоивме врз основа на нашата сувереност.

Моментално воздушно-одбранбениот систем С-400 којшто Турција го купи од Русија не е активен, но процесот продолжува. Не станува збор за одвраќање или откажување од оваа одлука бидејќи содржи трансфер на технологија согласно договорот за С-400 меѓу Турција и Русија и нема никакви промени во тоа.

Турција бара да се решат двете основни прашања меѓу двете земји кои предизвикуваат закана за нашата национална безбедност. Тоа се американската поддршка на ПЈД/ЈПГ во Сирија и пасивноста наспроти припадниците на Фетулахистичката терористичка организација“ рече Калин.



Слични вести